Путин предизвика американска новинарка на џудо меч, но се плаши од бокс пресметка со неа

Претседателот на Русија Владимир Путин на шега и понуди џудо меч на американската новинарка Розалинд Матиесон, зашто така би имал „натпреварувачка предност“ откако ја одби понудата да се сретнат во боксерски ринг.

Путин, кој има црн појас во џудо, со Матиесон го водеа интересниот разговор на Интернационалнот економски форум во Санкт Петерсбург, каде што Путин се сретна со шефовите на новинските агенции. Матиесон, која е уредник за интернационални односи во „Блумберг њуз“, откри дека практикува тајландски бокс, но посочи дека не би била среќна да се најде во ринг со рускиот претседател.

„Прво, не би се согласил да се борам против Вас во боксерски ринг. Не бидејќи сте дама, туку бидејќи секој треба да си ја врши својата работа. Никогаш не сум боксувал. Но, добредојдени сте на татами, во џудо меч, тука сум подготвен. Но, ви велам, таму ќе имам конкурентна предност“, вели Путин.

print