Путин му порача на татко му на Нурмагомедов: Не му се карај многу (ВИДЕО)

Со нестрпление се очекуваше средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и херојот на земјата Хабиб Нурмагомедов.

Првиот човек на државата во неделата го поздрави ММА шампионот на денот на својот роденден, а вчера се сретна со него и со неговиот татко во Улјановск.

Нурмагомедов се вмеша во масовната тепачка по завршувањето на борбата, што донекаде го засени неговиот успех, но за Путин тоа е тривијална, бидејќи целта е исполнета.

„Зборувавме за мечот, за победата на Хабиб. Му реков на татко му да не му се кара многу за она по борбата. Тој се претстави достоинствено и убедливо ја исполни својата основна задача. Треба да се гордееме со него“, рече Путин по средбата.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...