Пулев-брз и опасен, а Кличко ќе се збогува со боксот ако загуби

kobrata pulev

– Веќе сум подготвен за сè – рече бугарскиот боксер Кубрат Пулев-Кобрата во интервју за телевизијата РТЛ, која ќе директно ќе го пренесува мечот со Владимир Кличко на 15 ноември во Хамбург, Германија.

– Кубрат го заслужи правото да биде кандидат за светската титула. Во моментов нема друг боксер во светот, кој заслужува повеќе од него да го предизвика Кличко, рече германскиот тренер на Бугаринот, Ото Рамин, и додаде дека тој тренира со мислата за победа.

Според прогнозите на германските медиуми, Владимир Кличко би требало да се откаже од активниот спорт, ако загуби од Кубрат Пулев.

-Веќе сум целосно подготвен и сигурен сум дека ќе ги израдувам фановите на 15 ноември – напиша Кличко во Фејсбук.

– Пулев треба да е загрижен, бидејќи сум во топ форма. Продолжувам да работам и на брзината и силата на моите мускулите,-констатираше шампионот.

Владимир Кличко има 62 победи (52 со нокаут) и три порази, додека Кубрат Пулев има 20 победи(11 со нокаут). Двајцата боксери во своите кариера немале меч кој завршил со нерешех исход.

print

Можеби ќе ви се допадне...