Протече нова снимка од спарингот на Мек Грегор со професионалниот боксер (ВИДЕО)

На Јутјуб каналот се појави нова продолжена снимка од спарингот меѓу Конор Мек Грегор и поранешниот ИБО и ИБФ светски шампион Крис ван Херден. Овој пат со времетраење од 05:30 минути.

Снимката може да биде ориентир како би можел Мек Грегор да се снајде на веќе закажаниот меч против Флојд Мејведер на 26 август. Имено, освен оваа снимка не постојат сериозни индиции како изгледа Ирецот во бокс спаринг против релевантен боксер.

Да потсетиме, по спаринг најпрво тимот на Мек Грегор објави стокмена снимка, за потоа Ван Херден го пушти во јавноста својот приемрок на видеото кое одеше во негова корист.

Боксерот деновиве повторно дојде во  фокусот на јавноста, најпрво со интервјуто во кое тврди „дека Мек Грегор нема снага да го нокаутира Мејведер“, а потоа и со ова посвежото во кое го промени својот став и сега смета дека „Ирецот би можел да направи чудо“…

.

print

Можеби ќе ви се допадне...