Протече видео од спаринг на Федор од подготовките за Бадер (ВИДЕО)

Само денови не делат до финалето за Големата награда на Белатор во тешка категорија. Во него ќе се сретнат легендарниот Федор Емелијаненко и актуелниот шампион на Белатор во полутешка категорија Рајан Бадер.

Веќе извесно време Руснот е во Холандија каде што е напорно се подготвува за тежок испит и меч во кој спрема кладилниците е прилични неизвесен. Ова не е прв пат „Последниот император“ тренажниот процес да го спроведе во Холандија. Всушност, во последниве години стана своевидно правило.

Овие денови на некои борбечки форуми се појави виде од спарингот на Федор Емелијаненко од подготовките во Холандија. Русинот сапрингува со црномурест борец додека друг сапринг-партнер го чека својот ред. Очигледно е дека се менуваат на Федор за подоро да го подготват и да му пружат што потежок отпор.

Бидејќи во кратката снимка не падна ниту еден сериозен удар, тешко е да се каже во каква форма е славниот борец. Не е познато ниту кога точно е направена снимката.

Емелијаненко и Бадер се главната борба на Белатор 214 кој е закажан за 27 јануари во Форум арената во американскиот Инглвуд. Тоа е исто она здание каде што неодмана се одржа УФЦ 232 со Џонс и Густафсон.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...