Промо видео за најголемата борба во историјата на кикбоксот Бадр Хари- Рико Верховен

Еден од најочекуваните реванши во историјата на кикбоксот официјално е објавен пред неколку дена. На GLORY Collision 2 пак ќе го видиме Бадр Хари против Рико Верховен кои ќе се борат на 21 декември во Арнем на стадионот Гелре Доме.

Веќе видовме една битка меѓу нив во Германија во 2016 година. Потоа, Хари се врати на големата сцена со серија од 5 последователни победи и качи неколку килограми.

Бед Бој ја доби првата рунда по судиските картички против Верховен, но во втората се здоби со повреда на раката и не успеа да ја продолжи средбата, па така ја загуби борбата со ТКО. Верховен, од своја страна, е во серија од 11 последователни победи и шест години не е симнат од престолот. Глори го објави првото промо пред нивната борба и најави дека тоа е најголемата битка во историјата на кикбоксот:

print