Прилепската тројка освои сребро, а ќе жали за златото на Карате 1 Серија А лигата во Истанбул

Прилепската тројка Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа која настапува за Австралија имаше исклучително изедначен финален меч со иранскиот состав, а златниот медал и избега за 0,26 поени, со што го освоија вториот сребрен медал на Премиер лигата и Серија А, покрај двата бронзени.

Тие денеска во Истанбул на Карате 1 Серија лигата освоија 25,2 поени (17,64 + 7,56), а Иранките 25,46 (17,78 + 7,68).

Ова не се случило во историјата на австралиското карате некој каратист или карате тим да освои четири медали во серија од големи светски настани. Ние може да жалиме што не продолжија да се натпреваруваат за Македонија.

На овој турнир настапуваат 1813 натпреварувачи од 101 држава.

Ipon.mk

print