Прием на карате репрезентацијата во АМС по среброто на Фаик Весели на ЕП во Сочи

Македонската карате репрезентација имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски по настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори – У21, во Сочи, Русија, каде што Фаик Весели го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција во борби.

Каевски ја искажа својата, но и заложбата на Агенцијата за млади и спорт за развој на македонското карате, особено по неговиот прием во семејството на Олимписките спортови. Од таа причина каратето е во топ пет спортови во државава од кои се очекува обезбедување на пласман за ОИ во Токио 2020.

„Освоениот медал на Фахик Весели во Сочи, како и освоените три петти места, е само уште еден доказ дека македонското карате оди во нагорна линија. Поддршката на Агенцијата за млади и спорт останува во насока на детектирање на спортовите кои се реална можност за настап на ОИ и кон нив ќе се инвестира повеќе, согласно олимпискиот програм“, истакна Каевски.

Селекторите, кои очигледно беа задоволни од настапите на македонските каратисти, потенцирајќи ја можноста на триото Свинарски, Весели и Смилковски за настап на младинската Олимпијада во Буенос Аирес, ако претходно остварат добар пласман на квалификацискиот  турнир во Умаг, и направат добар резултат на Карате 1 Премиер лигата за млади во Софија.

Весели истакна дека е посебно среќен од освоениот сребрен медал за македонската репрезентација и дека има уште многу желби за остварување, од кои една е освоен медал на една олимпијада.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...