Претседателот на БК Вардар: Повеќе од еден месец немаме никаква кореспонденција со ФБСМ

Како функционира Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), прашува новиот претсeдател на Боречкиот клуб Вардар, Љубиша Пешко.

На официјалната страница на клубот и на вардарфанс.мк беа поставени неколку прашања:

„Повеќе од еден месец немаме никаква кореспонденција со ФБСМ. Поднесено е барање до Федерацијата да ни се достават потребните документи за воспоставување кореспонденција и комуникација со сите надлежни органи и тела на федерацијата, со цел непречено функционирање и работење на БК Вардар“.

Потребна е следната документација:

-Статут на ФБСМ

-Одлуки и регулативи

-Распоред на натпреварувања

-Правни акти на ФБСМ

Согласно законот за здруженија и граѓани и фонданции, а во согласност со статутот на Боречкиот клуб Вардар и во согласност со правилата на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија, во прилог на барањето се известува дека има проблеми на раководството и управата на овој клуб.

Промената е направена на 17 мај годинава со решение на Централниот регистар на Македонија, но зачудува зошто се уште нема никаква реакција, односно во овој случај БК Вардар нема никаква кореспонденција со ФБСМ.

print