Претседателот на АИБА си даде оставка

Гафур Рахимов поднесе оставка на функцијата претседател на Меѓународната аматерска боксерска асоцијација (АИБА).

Узбекистанскиот бизнисмен е обвинет за шверц со дрога од страна на јавниот обвинител на САД, а поради неговата вмешаност во раководството на организацијата, МОК ја лиши АИБА од правото да организира олимписки боксерски турнир во Токио.

Рахимов беше избран за шеф на Светскиот боксерски центар во октомври минатата година, а поради притисоците во март, тој објави дека привремено се повлекува од функцијата, кога Мухамед Мустасан беше назначен за претседател.

print