По Премиер лигата во Берлин многу грижи за тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски

Ако вчерашниот ден беше лош за нашите каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Брелин, Германија, денешниот не беше пододбар, така што тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски ќе има главоболки да ги мотивира и подготви за настапот на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември.

Денеска имавме вкупно четири победи во Берлин: две на Вероника Костовска и по една на Петар Спасеновски и Мартин Несторвски.

На Карате 1 Премиер лигата настапуваат првите 100-мина на ранг листатат на ВКФ (Светската карате федерација). Со настапот на Премиер лигата се заокружи изборот на репрезентацијата за Светското првенство во Шпанија.

Резултати
-61 кг
Вероника Костовска – Лаура Сиверт (Франција) 3-1
Вероника Костовска – Ана Симао (Португалија) 1-0
Вероника Костовска – Гијана Лотфи (Египет) 1-2
Наташа Стефановска – Џоан Орбон (САД) 2-5

-68 кг
Ангeла Мојсовска –
Мизуки Кикучи (Јапонија) 4-10
Моника Стефановска – Катерина Бихич (Украина) 0-2

-84 кг
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 5-4
Петар Спасеновски – Коике Макото (Јапонија) 1-2
Виктор Крстевски –
Мади Кодбакши (Иран) 0-6
Берат Јакупи –
Алвин Карачи (Косово) 0-4

+84 кг
Мартин Несторовски – Хади Араб (Иран) 0-0
Мартин Несторовски – Херолин Нишевци (Косово) 1-2
Жарко Арсовски
– Симоне Марино (Италија) 1-5

Резултати од вчера
-50 кг
Сара Радичевска – Сара Бахманјар (Иран) 0-0
Сара Радичевска – Шуанг Гу Шиау (Тајван) 0-2
Драгана Манговска – Гема Моралес Озуна (Шпанија) 2-2
Драгана Манговска – Ребека Цихрова (Словачка) 3-0
Драгана Манговска – Бетина Планк (Австрија) 1-1

-55 кг
Јована Георгиева – Сум Ма Ман Арос (Хонг Конг) 0-4
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 0-1

-60 кг
Емил Павлов – Самуеле Маркезе (Италија) 0-2

-75 кг
Петар Заборски – Беким Баша (Албанија) 0-0
Петар Заборски – Раби Јендуби (Италија) 0-7

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...