Премиер лигата во Берлин го дефинира составот на репрезентацијата за Светското првенство

Од 14 до 16 септември во Брелин, Германија, се одржува Карате 1 Премиер лигата на која настапуваат првите 100-мина на ранг листатат на ВКФ (Светската карате федерцаија), а според пријавите Македонија треба да ја претставуваат 17 каратисти кои се борта за место во репрезентацијата за Светското првенство во Шпанија во ноември. На пријавите го нема првакот Азиз Исмаил во категоирјата до 75 кг.

Во ова коло на Премиер лигата ќе натсапат 763 натпреварувачи од 72 држави.

На седница на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) во август  донесе одлука на сметка на Федерацијата во Берлин да патуваат 15 каратисти, и тоа:

1.Берат Јакупи -84 кг
2.Емил Павлов -60 кг
3.Жарко Арсовски + 84 кг
4.Мартин Несторовски +84 кг
5.Петар Спасеновски -84 кг
6.Петар Заборски -75 кг
7.Јована Георгиева -55 кг
8.Симона Заборска -55 кг
9.Моника Стефановска -68 кг
10.Вероника Костовска -61 кг
11.Ангeла Мојсовска – 68 кг
12.Сара Радичевска – 50 кг
13.Драгана Манговска -50 кг
14.Виктор Крстевски -84 кг
15.Наташа Стефановска -61 кг

Покрај нив, од страна на клубовите се пријавени и Ферат Корбулиќи – 75 и Енес Смаилагиќ – 75 кг.

Сепак, ќе нагласиме дека Петар Спасеновски на Изборниот турнир во Штип доби шикаку (дисквалификација) во мечот со Берат Јакупи и не беше рангиран, така што најверојтано отпаѓа од оваа листа на КФМ, освен ако матичниот клуб Макпетрол одлучил да му ги плати трошоците и да се натпреварува. Од дрруга страна, Смаилагиќ и Корбулиќи се пријавени од клубовите за учество на Премиер лигата, но тие ги изгубија шансите за место во репрезентацијата за СП затоа што не се појавија на Изборниот турнир во Штип, бидејќи на подоготовките на репрезентацијата во Банско направија инцидент. Поради инциденотот се отстранети од подготовките и не беше дозволен настап на Изборниот турнир, со што ги загубија сите шанси за во националниот тим, а, им е изречена и казна од КФМ.

print

Можеби ќе ви се допадне...