Прво соочување на Канело и Ковалев (ВИДЕО)

Сол Алварез (52-1-2, 35 КО) на 2 ноември ќе се обиде да ја освои светската титула во во четврта тежинска категорија.

29-годишниот Канело во Лос Анџелес ќе го предизвика светскиот шампион на ВБО Сергеј Ковалев (34-3-1, 29 КО).

Мексиканецот и 36-годишниот Русин го направија првото соочување по прес-конференцијата во Лос Анџелес.

Ковалев со 183 сантиметри е 10 см повисок од Канело. Тој има опсег од 184, а светскиот шампион во средна категорија 179 см.

print