По крвавата пресметка се ракуваа од болничките кревети (ФОТО)

Јаир Родригез и Чан Сунг Јун – Корејското Зомби имаа крвава борба во Денвер во која Јун водеше на поени, но во последната секунда на петата рунда Родригез со лактот зададе неверојатен удар во брадата на Кореецот и го нокутира.

Победата беше повеќе од драматична и му донесе на Родригез два бонуси или 100.000 долари. По таквата битка, беше извесно дека и двајцата ќе бидат пренесени во болница. Јаир и Сунг се видоа таму и се ракуваа:

Јун рече дека го почитувал Јаир, кој секогаш покажувал почит спрема него. И Родригез му се заблагодари на Јун и на неговиот тим за борбата.

print

Можеби ќе ви се допадне...