По едно сребро и злато за Исмаил и Кукуновски на Бест фајтер Светскиот куп во Римини (ФОТО)

Годинава Македонија настапи со двајца натпреварувачи на реномираниот Бест фајтер Свестки куп во кик бокс во Римини, Италија, и тоа со младите натпреварувачи на Шампион Исмаил Туркер и Иван Кукуновскикои освоија 4 медали – 2 златни и 2 сребрени.

Во лајт контакт Исмаил Туркер го освои првото место во категоријата до 32 кг за деца од 10 до 12 години.

Полуфинале
Исмаил Туркер- Апостолоу Костас (Грција) 3-0
Финале
Исмаил Туркер – Владислав Пошлијаков (Русија) 3-0

Иван Кукуновски (-29кг) го освои сребрениот медал за деца 8-9 години.

Полуфинале
Иван Кукуновски – Всеслав Степанов (Русија) 3-0
Финале
Иван Кукуновски – Денсилав Ушагелов (Бугарија) 1-2

Кик лјат

Туркер Исмаил (-32 кг, 10-12 деца) загуби во финале од Владислав Пошлијаков Владислав (Русија 1-2 и го освои второто место.

Иван Кукуновски (-29 кг, деца 8-9 години) го победи во финалето Всеслав Степанов 3-0  и го освои златниот медал.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...