По една победа на Павлов и Заборски на Премиер лигата во Мадрид

Првиот ден на Карате 1 Премиер лигата многу не не израдува, бидејќи настапија четворица каратисти од нашата земја, при што извојувавме само две победи и тоа Емил Павлов и Петар Заборски.

Павлов се бореше нерешено со светскиот првак Бресе, но на судиско изјаснување поради обостран поен, победник е Бразилецот. Според Павлов и нашиот табор, тој е оштетен во клучна акција, наместо на него да му доделат поен судиите тие го направиле спротивното.

„Последен турнир за оваа 2019 –та година без добар резултат, но јас никогаш не се откажувам и се надевам 2020 ќе биде многу успешна! Ви благодарам на сите за поддршката!“, напиша Павлов на својот ФБ профил. 

Да се надеваме дека утре Ангела Мојсовска, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Берат Јакупи и Фррри Исиќ ќе бидат поуспешни.

Резултати

Пуликсенија Јованоска седма во групата со 22,54 поени (15,82 + 6,72) – ката анан даи

-50 кг

Драгана Манговска и Михо Мијахара (Јапонија) 0-1

-55 кг

Симона Заборска – Сара Кардин (Италија) 1-3

-60 кг

Емил Павлов – Ихор Унхич (Украина) 1-0

Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 1-1 (хантеи)

-75 кг

Петар Заборски – Карсон Греј Трасон (ЈАР) 1-0

Петар Заборски – Павел Артамонов (Естонија) 0-2

Ipon.mk

print