По бронзите на Идризи и Стефановиќ во Чачак, тренерот Заборски верува дека Абдурахим ќе обезбеди олимписка норма

Бронзени медали на силниот Меѓународен карате турнир „Златен појас на Чачак“ во Чачак, Србија, освоија каратистите на Макпетрол  Абдурахим Идризи (-55 кг) и Стефан Стојановиќ (-70 кг) во јуниорска конкуренција.

Тие во елиминацискиот дел имаа по три победи, и со помош на репасажните борби победија во директните борби за бронзените медали.

„Ова е веќе пеtта контрола со учество на турнири за младите каратисти на Макпетрол. Сите контроли се направени за само триесет дена. Нашиот подмладок настапи во Софија, потоа во Хрватска и на два домашни турнири. Посебно не радува тоа што нашиот кандидат кој треба да обезбеди пласман на летната Олимпијада за млади категории Абдурахим Идризи Абдурахим, на сите турнири на кои учествува во континуитет освојува медали. Се надеваме дека тој ќе продолжи со добри настапи и така ќе биде и на првиот квалификациски турнир за остварување на олимписка норма за млади спортисти кој треба да се одржи во месец мај во Софија“, истакна тренерот Бошко Заборски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...