Почна Светското кик бокс првенство, Бобан Илиоски настапи прв (ФОТО)

 

Денеска почна Светското сениорско кик бокс првенство во Будимпешта, Унгарија, кое ќе трае до 12 ноември. Бобан Илиоски прв настапи во лоу кик до 75 килограми, во својот дебитантски настап светските сениорски првенства е поразен со минимален резултат од 1-2 од Србинот Немања Пантелиќ.

На Светското првенството ќе учествуваат 1214 натпреварувачи, односно 1389 по дисциплини од 54 држави.

За Македонија СП во Будимпешта ќе настапат уште:
Хадис Рамадани –лоу кик -67 кг
Петре Велков – К1 -67 кг
Мики Ивановски – К1 -86 кг
Јетмир Емрули – К1 -75 кг
Енвер Реџеповски – К1 -81 кг
Ненад Манојловски – Кик лајт -69 кг
Димитар Ѓоргиев – кик лајт -74 кг
Милан Кубин –кик лајт -89 кг.

Да потсетиме дека на минатото Светско првенство во Белград во 2015 година Македонија освои два златни медали, Ненад Манојловски и Димитар Ѓоргиев и бронза за Стефанија Тодорова. Манојловски беше прогласен и за спортист на татамито. Ѓоргиев е трикратен светски шампион.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...