Почна враќањето на парите за лошото сместување на каратистите во Истанбул

Туристичката агенција Атлантис почна да ги враќа парите на карате репрезентативците во детска конкуренција поради лошото сместувањето за време на Балканското првенство за деца во Истанбул, Турција, не информираа неколку клубови чии каратисти настапија на БП.

Да потсетиме дека тогаш по 5-6 деца беа сместувани во соба, наместо по 2-3 како што било ветено.

Пред две недели претставникот на Атлантис, Павлина Сукалова, за Ипон.мк изјави:

„Чекаме уште сметки од децата. Досега се доставени половината, а станува збор за над 80 деца, односно 40-тина се доставени. Бидејќи многумина не ги доставиле жиро-сметките до нашата агенција ние уште денска ќе почнеме со исплатата на доспеаните сметки, затоа што работата многу ќе се развлече. Ќе се враќаат од денес 1.200-1.300 денари“.

Клубовите да покажат поголема ажурност за да им се вратат парите на децата. Од друга страна, некои од средствата се префрлени на сметка на матичните клубови, затоа тие ќе треба да ги известат родителите дека парите се легнати на нивната сметка и да им ги вратат.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...