Почнаа преговори за Џошуа – Поветкин!

Почнаа преговорите за уште едно супердерби во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа (Англија) и Александар Поветкин (Русија). Ова го најави рускиот промотор Андреј Рјабински кој ја потврди веста во твит.

„Дојде Еди Херн“, рече Рјабински и додаде: „Разговаравме за меч Џошуа – Поветкин во Лондон, за да се случи наскоро“.

Поеткин е официјален предизвикувач на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во тешка категорија. Тој дојде до оваа позиција откако во последниот меч брутално го нокаутира Дејвид Прајс, како загревање за средбата Џошуа – Паркер.

Поветкин има само еден пораз во кариерата, и тоа од Владимир Кличко.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...