Почина рускиот боксер Максим Дадашев

Рускиот боксер Максим Дадашев почина во САД од последиците на повредата на мозокот, добиено по поразот во пресметката минатата сабота со Порториканецот Субриел Матијас.

За Дадашев овие 24 часа беа пресудни, но не издржа неговиот организам.  

Дваесет и осум годишниот Русин веднаш по мечот беше префрлен итно во болница поради сериозните повреди, но и покрај натчовечките напори на лекарите тој ја загуби најважната ботка во животот.

Дадашев до кобниот меч имаше учинок од 13 победи (11 со нокаут) и само еден пораз.

print