Почина боксерот нокутиран на настанот на Усик во Чикаго

Професионалниот бокс однесе уште еден човечки живот.

Патрик Деј (17-4-1, 6 КО) почина од повредите здобиени во борба со Чарлс Конвел (11-0, 8 КО) на настанот во Чикаго на кој Александр Усик го направи своето деби во тешка категорија против Чаз Витерспун.

Деј претрпе тежок нокаут пред крајот на последната 10-та рунда.

Промоција на „ДиБела ентертејмент“ издаде официјално соопштение во врска со смртта на младиот 27-годишен боксер.

„Денеска почина Патрик. Подлегна на трауматската повреда на мозокот во борбата минатата сабота на Винтраст Арена во Чикаго“.

„Беше опкружен со членови на семејството, блиски пријатели и членови на боксерскиот тим, вклучувајќи го неговиот пријател, ментор и тренер Џо Хигинс. Во име на семејството на Патрик, тимот и најблиските, благодарни сме на вашите молитви, љубовта и поддршката која беше толку очигледна по неговата повреда “.

„Пред да стане врвен професионалец, Пат имаше одлична аматерска кариера. Освои две национални првенства, њујоршката Златни ракавици и беше замена за олимпискиот тим. Во 2013 година стана професионалец и ги надмина почетните пречки и стана предизвикувач во супервелтер. Го освои континенталниот појас на ВБЦ и ИБФ Интерконтинентална титула во 2019 година. Во јуни 2019 година, тој беше рангиран меѓу првите 10 и од ИБФ и од ВБЦ“.

„Беше посветен студент. Дипломира исхрана на Насау комјунити колеџот, а потоа стекна и звање универзитетски застапник за Здравје и велнес од Универзитетот Каплан“.

„За време на неговиот краток живот, боксот му овозможи на Патрик да направи влијание во многу заедници. Во родниот град Фрипорт, Лонг Ајленд, тој беше предводник и ѕвезда на „Фрипопорт ПАЛ“, сала во која ја тренираше уште од почетокот на боксот до последната борба. Беше добро познат во целата боксерска заедница на Њујорк, а за него знаат дури и во Јапонија каде отиде да се спарингува со својот пријател и колега, светскиот шампион Риото Мурат “.

„Патрик Деј не мораше да боксира. Беше од добро семејство. Беше паметен, образван, имаше вистински морални вредности и имаше други начини да заработи за живот. Го избра боксот свесен за нерздвојните опасности кои одат со тоа. Боксот е она што го сакаше Пат. Така ги инспирираше луѓето и тоа беше она што го правеше жив“.

„Во вакви моменти многу е тешко да се објаснат или оправдаат опасностите од боксот. Ова не е време за такви укажувања и изјави. Но, време е да повикаме на акција. Иако немаме одговори, знаеме многу прашања. Имаме можност да одговориме на нив и имаме можност да одговориме одговорно и да го направиме боксот побезбеден за сите што се занимаваат со тоа. Значи, можеме да му оддадеме почит на Патрик. Многумина живееле многу подолго од 27 години на Патрик прашувајќи се дали направиле разлика и позитивно влијаеле на светот. Тоа не беше случај со Патрик кога нè напушти. Почивај во мир со ангелите Пат“.

print