Потврдено: Усик ќе се бори со мај тај шампион

Долго очекуваното деби на Александар Усик ќе се случи на 12 октомври на Винтрауст арена во Чикаго. Негов ривал е шампионот во мај тја Тајрон Спонг, WFCA (Светска академија за целосен контакт), кој исто така е на четвртото место на ранг-листата на Светската боксерска организација (ВБО).

Усик е неоспорен шампион во полутешка категорија и, со обединување на сите четири појаси, логично се определи да се соочи со предизвикот во „кралската“ категорија. Долго време бараше соодветен противник и пред да го нападне врвот, неговиот промотор Еди Херн го одбра ривал во лицето на Спонг.

Спонг има 14 победи на 14 професионални боксмечеви, од кои 13 се со нокаут. Во последниот меч го нокаутира Џејсон Минда во Мексико на 31 август, а неговиот единствената средба добиена на поени беше на 21 декември 2018 година против Итало Переа, при што победи со поделена одлука.

Усик има 16 победи во 16 борби, од кои 12 се со нокаут. Последен пат на 10 ноември 2018 година го победи Тони Белју со ТКО во 8-та рунда.

print