Поранешниот шампион Заб Џудах во болница, имал мозочен удар

Поранешниот светски бокс шампион во две категории, Заб Џуда е примен во болница. Ветеранот добил мозочно крварење, по наокаутот во петокот вечерта од Клетус Селдин. Во медицинската установа влезе во неделата.

Состојбата на Џуда е добра. Тој комуницира со своето семејство и со лекарите.

Тоа беше првата борба на Џуда во последните 17 месеци. 41-годишниот ветеран има 54 натпревари зад себе.

Веднаш по борбата, Џуда е испратен во болница, но по прегледите се вратил во хотелот. Следниот ден се чувствувал лошо и во неделата пак е примен во болница.

Во неговата кариера Џуда има борба со големи шампиони како Флојд Мејведер, Костја Цзју, Мигел Кото, Амир Хан, Дени Гарсија и други.

print