Поранешниот светски шампион Маркус Бејер почина на 47 години

Поранешниот шампион на ВБЦ во суперсредна категорија, Маркус Бејер, почина на 47 години. Бејер починал во болница во Берлин по кратко, но сериозно заболување.

Како аматер Бејер двапати настапи на Олимписките игри и во 1996 година успеа да освои бронза, а истата година стана професионалец. „Бум Бум“ успеа да ја освои првата од трите негови титули на ВБЦ во 1999 година, кога го детроинизра Ричи Вудхол, но по една одбрана ја губи од Глен Кетли. Во 2003-та го победува Ерик Лукас и да си ја врати титулата. Во последните неколку битки Бејер завршува нерешено со Сакио Бика, а потоа го губи од Микел Кеслер и се пензионира со скор од 35-3-1 (13 КО).

.

print

Можеби ќе ви се допадне...