Полн погодок за Макпетрол – со 11 настапи 11 медали на Државното карате првенство

На Државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) и Плеј-офот (во сабота и недела викендов што  измина) според кои се бираше репрезентативниот состав за Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, идната година, Макпетрол од вкупно 11 пријавени категории за настап имаа 11 финалиња, односно освоија 4 златни и 7 сребрени медали.

Медалите ги освоија:.
1.Марија Петрова  -48 кг јуниорки, златен медал
2.Роберто Ацковски -67 кг (У21), златен медал
3.Стефан Стојановиќ -76 кг, јуниор златен медал
4.Витомир Трајковски –  70кг кадет, златен медал

5.Глигор Петков постар јуниор (У21), -84 кг сребрен медал
6.Абдурахим Идризи постар јуниор (У21),  -55 кг сребрен медал
7.Даријан Ризмановски кадет -70 кг, сребрен медал
8.Димитер Лозановски кадет -63 кг, сребрен медал
9.Даријан Тасевски јуниор -76 кг, сребрен медал
10.Данило Божовиќ кадет -70 кг, сребрен медал
11.Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) сребрен медал, составен од :Стефан Стојановиќ, Даријан Ризмановски, Димитар Лозановски, Данило Божовиќ, Даријан Тасевски  и Витомир Трајковски.

„Многу сме задоволни од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова Државно првенство, кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Македонија. За нас, како клуб, најважно е докажаните репрезентативци Роберто Ацковски, Стефан Стојановиќ, Витомир Трајковски и Марија Петрова, дека и двата дена односно првиот кога станаа државни шампиони и вториот ден кога се одржаа борбите од плејофот ги потврдија своите квалитети и влегоа во националниот тим.  Божовиќ Данило во последните секунди не успеа да оствари пласман, иако во Плеј-офот натпреварите беше домимнантен и самоуверен. Докажаните европски медалисти Абдурахим Идризи и Глигор Петков, за жал не се пласираа на Европското првенство и останува да жалиме поради тоа, бидејќи тие се по квалитет и техничка дотераност натпреварувачи кои можеа да и донесат медал на Македонија од ЕП кое ќе се одржи во Унгарија во првата недела на месец февруари 2020 година. Сега ни преоостанува во следниот временски период да ја темпираме успешно формата и да имаме забележителен настап и на Балканското првенство кое треба да се одржи во Словенија. Потоа сите спортисти кои ќе ја исполнат критериумската норма во месец Февруари 2020 година, ќе не преставуваат на Европското првенство за младинци“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

Ipon.mk

print