Познати противниците на каратистите на Светското првенство, Јакупи, Петков и машката екипа стартуваат од 2.коло

Утре започнува Светското карате првенство за сениори во Мадрид, Шпанија, кое ќе трае до 11 ноември. Денеска беше жребување  на кое нашите репрезентативци ги добија противниците. Берат Јакупи, Давид Петков и машката екипа во борби ќе ги почнат борбите од второто коло.

На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.

Светското првенство е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.

Македонија на СП:
60 кг
Емил Павлов – Мишел Дасул (Белгија)
67 кг
Давид Петков – чека за 2.коло Икбољон Казаков (Узбекистан)/ Џино Толи (Албанија)
-75
Азиз Исмаил – Павел Аратамонов (Естонија)
-84 кг
Берат Јакупи – чека за 2.коло Георгиос Цанос (Грција)/ Ахмад Алмесфер (Кувајт)
+84 кг
Мартин Несторовски – Вон Рак Ким (Република Кореа)

-50 кг
Сара Радичевска – Шенон Ниши (САД)
-55 кг
Јована Георгиева – Карла Буркит (Англија)
-61 кг
Наташа Стефановска – Рене Мариа Вонг Алварез (Гватемала)
-68 кг
Моника Стефановска – Анета Ружичкова (Чешка)

кати
Ферри Исиќ – Јесе Енкамп (Финска)
Пуликсенија Јованоска – Ема Браздова (Словачка)

Екипно борби
жени
Македонија – Јужна Африка
Македонија – во 2.коло Израел/ Ангола

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...