Погледнете ја бробата на Нуров за броназата, прогласена за меч на денот (ВИДЕО)

Борбата за бронзениот медал на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (-97 кг) против Алишер Јергали од Казахстан на Светското пренвснтво во борење во Нур Сулатан, Казахстан, е прогалсена за една од највозбудливите на денешниот ден. Нуров славеше со 8-5.

Иако губеше Нуров во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач, кој на своја страна ја имаше целата публика во салата.

Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари и е прв медал од светските првенства по 1998 година. Тој е првиот македонски спортист што исполни олмпикска норма по 12 години.

Поведе Јергали 0-1 на истерување, потоа до 0-2 и 0-3 стигна со казнени поени, како и со ново истерување стигна 0-4. Нуров тргна на се или ништо и дојде до 4-5, 5-5, па 7-5, односно 8-5.

Борбата за вториот бронзен медал меѓу Кајл Снајдер од САД и Е.Одикаѕе од Грузија заврши со победа од 5-0 на фавритот Снајдер. Абдулрашид Садулаев (Русија) е шампион во оваа категорија. Тој го совлада Шариф Шарифов (Азербејџан) со 4-0.

Резултати

Могамедгаџи Нуров – Хосам Мерџани (Египет) 9-1

Могамедгаџи Нуров – Хозе Роберти (Венецуела) 7–2

Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-6

Репасаж

Могамедгаџи Нуров – Николаи Чебан (Моладавија) 2-1

За бронза

Могамедгаџи Нуров – Алишер Јергали (Казахстан) 8-5

print