Погледнете ја борбата на Миа Тодорова на ЕП во Унгарија

Миа Тодорва прикажана одлична борба на Европското првенство за деца, кадети јуниори во Гиор, Унгарија, во јуниорска конкуренција, но финалето и избега за две секунди и мораше да се задоволи со борнзата.

Тодорова многу ќе жали, бидејќи финалето и избега само за две секунди на крајот на третата рунда, затоа што грчката репрезентативка Јаона Султаника и осви два поени, а тоа е цената на неискуството.

„Миа Тодорова најдобро се избори и покажа исклучителна машка борбеност и пожртвувсност, но во последната трета рунда на 2 секунди пред крајот на противничката и бодуваа два бода и нашата Миа ја загуби борбата“, изјави вчера претседателот на Федерацијата и селектор Дејан Митровски – Урко.

Борбата на Тодорова може да ја погледнете на 02:20:45 и да се уверите во нејзината пожртвувана и храбра борба.

Ќе се потрудиме да ви ги прикажиме и борбите на останатите репрезентативци.

Ipon.mk

print