Погледнете како изгледа тренинг со Хабиб и Кормиер (ВИДЕО)

Американската кик бокс академија е дом на шампионите во УФЦ, Даниел Кормиер и Хабиб Нурмагомедов.

АКА е со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, а главен тренер и основач е Хавиер Мендез.

ДК овој викенд во Анхајм, Калифорнија ја брани титулата во тешка категорија против Стипе Миочиќ, а Нурмагомедов на 7 септември во Абу Даби ќе го брани појасот во лесна категорија против Дастин Пориер.

Погледнете како изгледа тренингот на АКА во друштво на двајца шампиони во УФЦ.

print