Погледнете ги победите на Александар Димовски против Јовановиќ и Имамовиќ во Сараево (ВИДЕО)

Александар Димовски – Димса (22-10, 13 KO) во средата вечерта ги зирадува љубителите на кикбоксот и на спортот во Македонија откако извојува две победи на Кинг оф кингс Гран при во тешка категорија во Сараево, а тоа му овозможи да се бори на финалниот турнир за титулата на оваа литванска промоција.

Димовски славеше со ТКО во третата рунда над Словенецот Саша Јовановиќ (7-2), а во финалната пресметка против Санид Имамовиќ (20-8) од Босна и Херцеговина победи со нокаут во првата рунда.

Сега ви ги нудиме видеата од двете борби на битолскиот кикбоксер.

print