Поветкин ќе има допинг тест пред мечот со Руденко

На Александар Поветкин (Русија) ќе му биде направен допинг-тест за повратничкиот меч против Андреј Руденко (Украина). 

Средбата е планирана за 1 јули во Москва. Менаџерот на Украинецот, Владислав Јелисеев, најави дека ќе има проверка за забранети супстанци. Тој додаде дека во договорот нема точно определен протокол како да се прават тестовите.

Во моментов Русинот се уште е казнет од Светскиот боксерски совет, откако падна на допинг проверката пред мечот со Бирмејн Стиворн минатата година. Олимпискиот шампион од Атина 2004 година два пати беше фатен дека употребувал забранети средства во 2016-та.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...