Поветкин плати 250.000 долареи казна на ВБЦ

Русинот Александар Покетин плати парична казна од 250.000 долари на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Средствата ќе бидат искористени за развој на антидопинг програмата „Чист бокс“. Ова го изјави претседателот Маурицио Сулејман за агенцијата ТАСС .

Во ноември, ВБЦ донесе одлука за укинување на суспензијата на Поветкин за прекршување на анти-допинг правилата. Во првиот меч по рехабилитацијата Русинот го победи на поени Германецот со романско потекло Кристијан Хамер и стана кандидат за титула светски „супер шампион“ на Светската боксерска асоцијација (ВБА).

Александар Поеткин има 33 победи (23 КО) и само еден пораз во професионалниот боксерски ринг.

print

Можеби ќе ви се допадне...