Победникот од мечот Џошуа-Кличко мора да се бори со Луис Ортиз

dzosua-klicko-i-treta-silueta

Ентони Џошуа и Владимир Кличко го дознаа името на борецот кој ќе го чека поуспешниот од нивниот дуел.

Победникот на големиот боксерски спектакл во рингот би требало се сретне со непоразениот Луис Ортиз (27-0, 23 КО). Кубанецот до оваа можност дојде откако ВБА донесе одлука да го постави како задолжителен предизвикувач за титулата која ќе му припадне на подобриот од пресметката на Вембли.

Ортиз, како и голем број боксерски навивачи, веќе долги години чекаат на вистински предизвик за кубанскиот борец и со раширени раце ја дочекаа оваа вест.

Несомнено е дека победникот од двобојот на 29 април во Лондон го чека за уште еден захтевен тест.

print

Можеби ќе ви се допадне...