Победи на Стецуренко и Дениз на АЦБ, пораз на Гурков (ВИДЕО)

Абсоулт чемпионшип Беркут (АЦБ) минатиот викенд го одржа својот 17-ти кикбоксинг настан во рускиот Псково.

Во главната борба на вечерта Бразилецот Џоната Диниз го нокаутираше во првата рунда Михаил Тјутерев.

Успешен беше и вториот Бразилец, Џонатан Оливеира, кој со агресивен настап дојде до победа со прекин во втората рунда против повеќекртаниот светски шампион во тајландскиот бокс Витали Гурков.

Александар Стецуренко го победи Белорусинот Павел Провашински.

Дмитриј Варец на ист начин славеше против Холанѓанецот Дамијан Јохансен, а Максим Сулгин против Французинот Џибрил Ео.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...