Четворица пионери ќе не претставуваат на Европското првенство во борење во Унгарија

Вечерва македонската репрезентација во борење слободен стил патува на Европското првенство за пионери во Ѓер, Унгарија, кое се одржува овој викенд.

Боите на Македонија ќе ги бранат Стефан Штерјов 41 кг, Реџеп Поцеста 48 кг, Дарио Димитров 52 кг и Барбара Стојкоска 54 кг, а ќе ги предводи тренерот на репрезентацијата Давор Тасев.

Според стручниот штаб на нашата репрезентација, очекувањата се борачите добро да се изборат и да ги покажат своите кавлитети, а нешто повеќе може да се очекува од Стефан Штерјов.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...