Пионерите и кадетите на Балканец на „Динко Петров“ во Стара Загора

Најмладите борачи на Балканец, пионери и кадети, денеска ќе отпатуваат за Стара Загора во Бугарија на традиционалниот меѓународен турнир во борење слободен стил „Динко Петров“.

Во пионерска конкуренција ќе настапат до 41кг Стефан Штерјов, до 48 кг Ненад Панов и до 52 кг Дарио Димитров, а во кадетска до 71кг Давид Мишев и Филип Тасев.

Екипата ќе ја предводат тренерите Давор Тасев и Влатко Панов. На овој турнир ќе суди и меѓународниот боречки судија Марјан Лазаров.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...