Пејов, Ѓокиќ и Петров: Карате не е само спорт, карате е филизофија која сакаме да ја пропагираме на Балканот и да бидеме карате пратеници на мирот!

Изминатиов викенд во Будва – Црна Гора, се одржа четвртото продолжение на Големиот балкански карате семинар кој започна кон крајот на март во Ниш и Лесковац (Србија), потоа се пресели во Скопје (Македонија) и на почетокот на април да заврши во Софија (Бугарија), каде што на мајсторите Милан Ѓокиќ, Зоран Пејов и Тони Петров и се придружи домаќинот Ранко Вукотиќ. Импресиите кај сите се големи и најбитно од се е што идејата за мир и спојување преку спортот се шири на Балканот, бидејќи наскоро се очекува да се приклучат и други држави.

„Семинарот во Будва беше спој на изворното,традиционално карате преку олимпиското или спортско карате до реалната примена на карате до преу демонстрација на реална борба и практична примена во опасните ситуации.Со еден збор, лепеза од извонредни техники демонстрирани од врвните инструктори Ѓокиќ, Петров, Пејов, Вукотиќ. На семинарот владеесе вистинска БУДО атмосфера која бликаше со енергија. Никој од присутните не можесе да остане рамнодушен. На семинарот беа присутни и мајстори од другите боречки вештини како и енергетски дисциплини, како џиу џицу, аикидо,тај чи чуан, реи ки. Тие беа воодушевени од енергетскиот приказ и демонстрација на карате техниките, што навистина е реткост и бара висок степен на мајсторство. Во иднина се очекува семинарот да зема усте поголем замав и да се прошире и во другите земји на Балканот, за што веќе има најава“, вели Зоран Пејов од КК Пејов.

Пејов највува дека наредниот семинар во Скопје се очекува да има уште поголема масовност и спектаклураност, затоа што првиот оваа година беше прогласен за најдобар и најспектакуларен, воопшто, на овие простори.

„Пораката е обединување и сплотување на балканските народи низ призмата на Карате До, ширенје на енергијата на мирот и човештвото преку Карате ДО(Патот), бидејки секој човек е на својот пат и секој човек го гради својот пат. Нашиот пат (До) е Карате До. Кога, ако не сега?! Кој, ако не ние?!, вели Пејов.

Мајсоторот за карате и џиу џицу и кој се повеќе се доближува на изворното карате од легенадрниот остров Окинава, Тони Петров од Бугарија, секогаш ги плени посетителите на семинарите со поедноставувањето на техниките и нивна брза примена во реална ситуација вели Големиот балкански карате семинар е главната идеја.

„Карате не е само спорт, карате е филизофија и ние сакаме таа филозофија да ја пропагираме на Балканот. Во овој момент нашите земји најмногу имат нужда од мир, обединување и дух во името на развојот како народи и граѓани“, категоричен е Петров, при што додава:

„Тоа е нашето послание кое се почувствува и на семинара во градот Будва. Подготовени сме да посетиме уште балкански држави и да ги пренесеме знаењата и бидеме пратеници на каратето за мир“!

Човекот кој максимално се внесува во духовноста на каратето и најенергично ја искажува силата и моќта на оваа вештина не ги крие емоциите од семинарот во Будва, а затоа придонесе една мала позитивна провокација и покажа нешто за што ќе требаат години да го видите некаде, за да може да го научите, едноставно и Милан Ѓокиќ од Ниш.

„Што се однесува до Големиот балкански семинар, тој го заслужува тоа име. Акцијата започна во март, сега, природно продолжи на општо задоволство. Четирите земји-учеснички и 5-те градови воопшто не се ништо. Природно се наметнува мислењето дека пордаи веќе вклучените земји во евентуалниот караван на семинарот би требало да се приклучат Босна и Херцеговина, Албанија и Грција. Географски тоа ќе изгледа како полн круг. Така што мислам дека треба во тој правец да работиме. На мислење сум, а тоа го покажа и и искуството, дека мора да имаме еден центар од каде ќе се раководи рекламирањето на проектот. Скопје и вашата екипа е најдобра и нејзиното решение за маркетинг. Проектот налага и барање на спонзор кој ќе ги покрие трошоците за огласуваање, рекламирање, патните трошоци и престојот на инструкторите. Тогаш инструкторите би можеле да работат бесплатно (како што работат и сега)“, истакнува Ѓокиќ.

Тој вели дека размислувајќи за Будва, неговите впечатоци се исклучително позитивни и дека самиот град има посебна моќ која и овозможува на инструкторите да пренесат исклучителна енергија на вежбачите и гледачите.

„Во места, како што е Будва во туристичката сезона, би требало да се искористат јавните тренинг семинари. Таквите тренинзи ќе придонесат за подобар маркетинг на каратето, семинарот и на самите нас. Субјективно, големо значење му придавам на семинарот и сериозно се подготвувам за него. Би сакал почесто да се гледаме, бидејќи многу сум задоволен од соработката со сенсеи Пејов и вашиот клуб. Ова е уште една добра работа за овој семинар“, заклучува Ѓокиќ.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...