Пет медали за Сеишин на „Џудо за мир“ во Пеќ (ФОТО)

Прилепски Сеишин денеска на Меѓународниот џудо турнир „Џудо за мир“ во Пеќ, Косово, освои пет медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.

Сеишин настапи со тројца натпреварувачи и во кадетска и сениорска конкуренција.

Медалите ги освоија: Јован Најдоски (+90 кг) златен и Марио Цинцароски (+90 кг) сребрен во кадетска конкуренција и во сениорска: Христијан Ѓураков (-81 кг) и Јован Најдоски (-100 кг) бронзени и Марио Цинцароски (+100 кг) сребрен.

„Стручниот штаб на ЏК Сеишин е задоволен со освоените резултати, особено од кадетите Цинцароски и Најдоски кои освоија двоен медал и во сениорска конкуренција“, велат од клубот.

Ipon.mk

 

print

Можеби ќе ви се допадне...