Пет златни од 12 медали за каратистите на Балканското првенство во Црна Гора

Со денешните 12 медали – 5 златни, 3 сребрени и 4 бронзени и вчерашните 13 македонските каратисти се на второто место по бројот на освоени одличја на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Херцег Нови, Црна Гора, зад репрезентацијата на Србија која освои 31 медал (8-6-17).

Со златни медали се закитија кадетите Марио Свинарски (57 кг), Христијан Стојановски (-63 кг), јуниорите Столе Смилковски (-55 кг), Фаик Весели (-61 кг) и Доан Османи (-75 кг) У-21.

Се посребрија: Абдурахим Идризи (-55 кг, јуниори), Давид Петков (-60 кг) и Константин Василевски (-67 кг) во У-21.

Бронзени станаа: Кадетскиот кумите тим жени (Божиновска,Јовановска, Милева, Петровска), јуниорите Филип Несторовски (-76 кг), Кренар Џафери (+ 76 кг) и Ардит Марку (-60 кг) У-21.

Иво Мишачковски (-70 кг) во кадети загуби за бронзата на прв освоен поен од Турчинот Хасан Арслан 2-2. Глигор Петков (-68 кг, јуниори) загуби за бронзата од Един Хајдрпашиќ (БиХ) 1-3.

Резултати

Кадети

-57 кг
Марио Свинарски – Басри Садиковиќ (Црна Гора) 4-0
Марио Свинарски – Албин Меровци (Косово) 2-0
Марио Свинарски – Дарко Спасковски (Србија) 4-1
Марио Свинарски – Страхиња Радојчин (Србија) 1-0
Финале
Марио Свинарски – Мартин Златев(Бугарија) 3-2

-63 кг
Христијан Стојановски – Омер Сахити (Косово) 3-0
Христијан Стојановски – Андреј Тодоров (Бугарија) 4-0
Христијан Стојановски – Џан Махмутовиќ (БиХ) 2-1
Христијан Стојановски – Жан Керсиќ (Словенија) 3-0
Финале
Христијан Стојановски –Дејан Јањиќ (БиХ) 3-0

Македонија – Хрватска 1-2
Македонија – Бугарија 2-0 репасаж
За бронза
Македонија – Косово 2-1

Јуниори

-55 кг
Столе Смилковски – Един Пескиќ (БиХ) 1-0
Столе Смилковски – Ивор Бабиќ (Хрватска) 4-1
Столе Смилковски – Страхиња Бранковиќ (БиХ) 3-0

Абдурахим Идризи – Сани Скотник (Словенија) 1-0
Абдурахим Идризи – Кристијан Лацковиќ (Хрватска) 1-1
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (БиХ) 0-0
Финале
Столе Смилковски – Абдурахим Идризи 2-0

-61 кг
Фаик Весели – Адин Хаџиќ (БиХ) 4-3
Фаик Весели – Домен Зидар (Словенија) 6-0
Фаик Весели – Фарук Атеш (Турција) 0-0
Фаик Весели – Урош Петровачки (Србија) 3-2
Финале
Фаик Весели – Дрен Хајдари (Косово) 1-0

-76 кг
Филип Несторовски – Тарик Рисљанин (БиХ) 2-0
Филип Несторовски – Ѓорѓе Вурчиниќ (Србија) 3-0
Филип Несторовски – Самед Гок (Турција) 0-2
Филип Несторовски – Тодор Ранчев (Бугарија) 2-0 репасаж
За бронза
Филип Несторовски – Тимотеј Бурлак (Словенија) 6-2

+76 кг
Кренар Џафери – Хамза Цајиќ (БиХ) 0-6
Кренар Џафери – Иван Пехар (Хрватска) 1-0 репасаж
Кренар Џафери – Митар Поповиќ (Црна Гора) 3-0 репасаж
За бронза
Кренар Џафери – Јан Брезочник (Словенија) 1-0

Јуниори 21 година

-60 кг
Давид Петков – Кенан Вардалиќ (БиХ) 3-1
Давид Петков – Андреј Ламбреа (Романија) 6-0
Давид Петков – Мује Красниќи (Косово) 5-2
Финале
Давид Петков – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-1 со прв освоен поен

Ардит Марку – Мергим Бектеши (Косово) 3-1
Ардит Марку – Аристид Бучи (Албанија) 5-0
Ардит Марку – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-2
За бронза – репасаж
Ардит Марку – Влад Памфил (Романија) 6-0

-67 кг
Константин Василевски – Даниел Круцеру (Романија) 6-0
Константин Василевски – Јли Ценај (Косово) 8-1
Константин Василевски – Адис Халиловиќ (БиХ) 3-0
Константин Василевски – Муртаџан Дениз (Турција) 5-5
Финале
Константин Василевски – Лука Кондиќ (Хрватска) 3-4

-75 кг
Доан Османи – Павле Бабиќ (Црна Гора) 0-0 на изјаснување
Доан Османи – Бенјамин Шабани (Косово) 2-1
Доан Османи – Веселко Бркиќ (БиХ) 2-0
Доан Османи – Љубиша Мариќ (Србија) 2-1
Финале
Доан Османи – Никола Маловиќ (Црна Гора) 5-3

Ipon.mk/В.Д,

print

Можеби ќе ви се допадне...