Петросјан во февруари ја брани титулата на ИСКА

Џорџо Петросјан на 16 февруари во Монца прв пат ќе ја брани титулата на ИСКА К-1 во категоријата до 70 килограми.

32-годишниот италијанско-ерменски борец на својот настан Петроснаманја силите ќе ги одмери со Јапонецот Ацуши Тамефуса.

Петросијан го освои појасот ИСКА во 2017 година на истиот настан со победата против Крис Нгимби.

Оваа година се бореше три пати и ги победи Јоа Натавут, Чингиз Алазов и Сорграва Петчинди.

Со победата против Алазов потврди дека се уште е во врвот на светскиот кик бокс.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...