Петер Аертс салвеше со нокаут во Германија (ВИДЕО)

Петер Аертс уште еднаш се врати на рингот во Ла фамалија фајтнајт во германскиот Хале.

Легендарниот „Дрваосечач“ и во 48-година ги нокаутира противниците. Аертс со нокаут во првата рунда го победи десет години помладиот Кристијан Мулер.

Холанѓанецот го заврши противникот со десно кроше во главата и со колено во телото на истекот на првата рунда. Мечот беше договорен во 3 рунди по 2 минути.

Марко Пике е поразен со одлука на судиите од Џон Каленбах.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:
https://www.fight24.tv/kampfsportvideos/video/aerts-vs-mueller/

print