Петар Спасеновски го освои бронзениот медал на Европските универзитетски игри

Петар Спасеновски го освои бронзениот медал на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб.

Во борбата за бронзата го совлада Андреа Бартоломеи од Италија со 5-0.

Спасеновски имаше голема шанса да влезе во финалетона карате турниротво категоријата до 84 килограми,но во полуфиналето загуби минимално 1-2 од Британецот Грег Андерсон.

Досега имаме одличен биланс две финалиња и две бронзи.

Резултати
-84 кг
Петар Спасеновски – Томазо Турки (Италија) 4-0
Петар Спасеновски – Селим Јавуз Оруџ (Турција) 0-0
Петар Спасеновски – Марчин Криковски (Полска) 4-1
Петар Спасеновски – Грег Андресон (Велика Британија) 1-2
За бронза
Петар Спасеновски – Андреа Бартоломеи (Италија) 5-0

-55 кг
Симона Заборска – Фарнческа Манџијакапра (Италија) 2-0
Симона Заборска – Лаура Хофман (Луксембург) 1-0
Симона Заборска – Хана Куклова (Словачка) 3-4

print