Петар Спасеновски светла точка во Гвадалахара на Карате 1 А серија лигата

 

Светла точка на денешниот настап на нашите каратисти на Карате 1 А серија лигата во Гвадалахара, Шпанија, е Петар Спасеновски од Металург кој имаше во низа три високи победи, а потоа налета на многу поискусниот Грк Цанос Георгиус и беше поразен со 0-2.

Среќата не го пратеше Петар, бидејќи Цанос ја изгуби борбата за влез во финалето со Данијар Јудешаров од Узбекистан со нерешен резултат 1-1, односно на прв освоен поен, со што Спасеновски не доби шанса во репасажот да се бори за бронзениот медал.

Сепак, треба да нагласиме дека Спасеновски од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи – Русија, само го промени авионот и отпатува за Гвадалахара.

На другите каратисти максимумот и беше едена победа. Радуваат храбрите борби на младиот Давид Петков.

Азиз Исмаил е оштетен во борбата со 4-от на светската ранг листа Турчинот Ерман Елтемур. Наместо поен за нашиот каратист, судиите му го дадоа на Елтемур.

На ова натпреварување имаше 1354 натпреварувачи, однонсо многу повеќе од турнирите во Премиер лигата каде што е ограничен бројот на каратисти во една категорија на 64 спрема ранг листата на ВКФ. Така во категоријата на Спасеновски имаше 115 натпреварувачи.

Резултати

-50 кг
Сара Радичевска – Кристина Ерини Кавакопулу (Грција) 1-3

55 кг
Симона Заборска – Фружина Варга (Унгарија) 2-4 

-61 кг
Наташа Стефановска – Јан Ји Ју (Тајван) 3-0
Наташа Стефановска – Каролина Торо Видела (Чиле) 1-5 

-68 кг
Моника Стефановска – Кити Смилјан (Словенија) 0-3

 67 кг
Давид Петков – Томаш Габриел (Чешка) 1-0
Давид Петков – Денис Копитко (Украина) 0-0
Ненад Ќелебиќ – Ник Кноп (Германија) 5-0
Ненад Ќелебиќ – Томас Касерер (Австрија) 0-1

75 кг
Петар Заборски –Кристијан Оле Хансен (Данска) 0-0
Петар Заборски – Ландер Валехо Ордеа (Шпанија) 0-4
Азис Исмаил – Рајан Џеј (Англија)
Азис Исмаил – Ерман Елтемур (Турција) 0-1
Енес Смаилагиќ – Јонас Фрис (Данска) 0-3

-84 кг
Петар Спасеновски – Сали Диоп (Франција) 5-0
Петар Спасеновски – Фабио Воза (Швајцарија) 7-0
Петар Спасеновски – Маркос Хернандез (Шпанија) 8-0
Петар Спасеновски Цанос Георгиос (Грција) 0-2

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...