Петар и Азиз ги прославија европските медали (ФОТО)

petar aziz proslava medali 8

Секогаш трчање. Трчај на тренинг, на натпревар, трчај да го фатиш авионот и никако да се најде време да се прослави постигнувањето на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори 21. Синоќа Петар Спасеновски и Азиз Исмаил од Металург го прославија освојувањето на бронзените медали на шампионатот во Лимасол-Кипар.

Главен за анимација беше постариот колега, Огнен Груевски, додека тренерот Амир Беговиќ контролираше дали е се по сценарио. Тренерот Мирче Јанушевски бендиса една „Маџарица“ и цело време си ја потпевнуваше, а Џеф-Драган Грдановски-стара школа, ја отвори прославата со еден танц. Најрасположени беа гордите родители на Азиз и Петар. Ништо не бидува без противници и тоа најлутиот-Макпетрол, Бошко Заборски и Џеф се согласија на масата, а младите ривали сега се натпревaруваа кој подобро ќе се весели.

„Фено-мено, феноменално“, се согласија медалистите Петар и Азиз.

Падна и договор-сениорски медал ќе се слави!

Ipon.mk/ В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...