Петар Заборски втор на ранг листата на ВКФ по златниот медал во Умаг

По освојувањето на златниот медал на Светскиот карате куп во Умаг, Петар Зборски од Макпетрол, се искачи на виското второ место на официјалната ранг листа на Светската карате федерација (ВКФ/WKF).

Иако е најмлад и има само 19 години, Петар Заборски во моментов е второрангиран, во возрасната категорија на помлади сениори или (У-21). Ова е голем скок на нашиот спортист кој пред настаот во Умаг беше седмо рангиран спортист во светски рамки.

Во овој момент пред него е само Италијанецот Микеле Мартина кој има освоено 1.200 бодови, додека Заборски има 1072. Третата позиција во овој момент ја држи Ерменецот Серјожа Саргисјан кој има 999 бода.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...