Петар Арсовски го освои „Купот на Бугарија“ (ФОТО)

Младиот македонски боксер Петар Арсовски го освои „Купот на Бугарија“ во категоријата до 40 килограми откако во финалето славеше против Берк Ахмедов од БК Черно Море од Варна.

И клубот на Петар, Локомотив од Софија, во Горна Ораховица стана првак во екипна конкуренција на Бугарија.

„Финалните мечеви се сами по себе предизвик. Петар влезе сконцентриран, доволно мотивиран. Знаевме дека е надмоќен во првите две рунди. И веќе во  третата тргна на меч за публика. И, повторно броење на противникот кон крајот на третата рунда. Не оставивме судиите да имаат недоумица“, изјави татко му на Петар, Александар Арсовски, поранешен боксер.

print