Паоло Коста го победи Јоел Ромеро во здрава борба (ВИДЕО)

Пауло Коста и Јоел Ромеро не ги разочараа навивачите на УФЦ 241, водеа солидна и рамноправна борба во сите три рунди, а на крај судиите победата со едногласна одлука му ја доделија на Бразилецот.

На почетокот, двајцата се почна со ножни удари,но не се погодуваа. Ромеро и Коста разменија по една левица, по што Ромеро падна во нокдаун. Коста се нафрла против Ромеро, но доби силен удар со десната рака и тој се најде во нокдаун. И двајцата преживуваат и разменуваат брутални удари. Ромеро додава летечко колено, туркајќи го Коста назад, а Бразилецот задава колено во препоните на Кубанецот, па битката беше прекината. Сè беше во ред со Јоел и битката продолжи, при што тешките удари не заостануваа од ниту една страна.

Во втората рунда Коста продолжува да гопртиска и да удира со десницата. Повторно си разменија сериозни удари, при што Ромеро стоеше со грбот до кафезот и се качи на Бразилецот. Ромеро го отурнува и си разменуваат удари во телото. Коста продолжува да го обработува телото, додека Ромеро возвраќа со ножни удари и аперкат. На крајот од рундата Ромеро успева да го собори Бразилецот и крај на рундата.

Во третата Ромеро изгледаше многу посвежо и имаше добри соборувања, а Коста веќе беше уморен затоа што ова беше прва негова ММА борба во која ја дочекува третата рунда. Во оваа рунда Кубанецот му го скрши носот со тешки удари на противникот и му бркна во окото. Борбата стигна до судиска одлука и сите се без здив, а судиите му давдоа едногласна победа на Коста – (29-28, 29-28, 29-28).

Со оваа победа Бразилецот останува без пораз и сега е 13-0 во ММА. Тој се приближува до титулата и најверојатно ќе добие шанса за тоа откако ќе биде прогласен за неоспорен шампион. Ромеро пак влегува во серија од два последователни порази со одлука на судиите.

print