Пакијао – Турман и официјално на 20 јули

Долгоочекуваната борба меѓу Кит Турман и Мани Пакијао конечно има договорен датум.

Тие ќе се борат за титулата во полусредна категорија на 20 јули во Лас Вегас.

Во боксерската вечер Калеб Плант ќа има првата одбрана на ИБФ титула во суперсредна категорија против Мајк Ли.

30-годишниот Турман ќе ја брани ВБА титулата против 40-годишниот Пакијао.

Последната средба на Филипинецот беше на 19 јануари, кога доминираше над Адриен Бронер во 12 рунди.

Турман не се борел од 2017 година поради повреда на раката.

print