Пакијао откри дека преговара со Мек Грегор

Носителот на светски титули во осум категории и жива легенда на боксот Мани Пакијао (57-7-2, 38 КО) откри дека водел првични преговори со Конор Мек Грегор за потенцијален дуел меѓу нив во април 2018 година.

„Имавме првични разговори, но немавме повеќе средби за понатамошните детали. Ако успееме да се договориме, јас немам проблем, ќе биде добро и за двајцата“, коментира Пакијао кој е и сенатор во Филипините, пренесува Скај спорт.

Пакијао ја загуби светската титула на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија со противречна едногласна судиска одлука против Џеф Хорн во Австралија во јули оваа година. Се врати во рингот по најавеното пензионирање во 2016-та, кога го освои појасот во дуел со Џеси Варгас.

Мек Грегор, пак, нема борби ниту во боксот ниту во ММА откако загуби со технички нокаут во 10 рунда од Флојд Мејведер во август. Освен евентуалниот меч со ирската ѕвезда во мешаните боречки вештини, Пакијао сака и реванш со Хорн или средба со 29-годишниот Американец Кит Турман кој е шампион во категоријата на Светската боксерска асоцијација и Светскиот боксерски совет.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...